Никодин Чернодримски

Място за поетично вдъхновение и художествени продукции на магическата ви мисъл... В думите и цветовете се крие Магията!

Назад към Поезия и Арт

Мнениеот cernodrimski » 16 Юли 2011, 05:45

Стихозбирка-Како Станав Лита Сенка

осаменик



Здружно,со ордава ја пеам песната
На проколнатите
Вечните скитници по празни патеки

О,ти бездомнику
Каде ли иташ така со чекорот
Бура доаѓа
Стреа немаш каде да се сокриеш
Силата нејна литоста ќе ти распартали
Снагата ќе ти ја наводени

О,ти бездомнику
Дојди,ете тука на пољанава
Заедно со нас посилен ќе бидеш
Кога месецот на починка ќе оди
Ете,ти со нас,дојди во пештера ладна
Малку е темна
И морничава на места
Но таму бурата се плаши од нас
Дојди
Небиди осаменик кој скита.

Аманет ми остави последната пеперутка
Песната нејзина што ја отсвири, да ја потпевнувам
Барем,три пати на ден
Пред да ми речи збогум

Ти само молчи
Јас ќе пишувам во тишината
Со секое ново утро
Фиукот на ветрето ќе ти раскаже
Колку зборови срцето напишало
Ти само молчи
Јас ќе пишувам на темнината
Со секое ново утро
Првиот зрак ќе ја отвори книгата
Ќе знаеш колку мастило сум потрошил

Јас немолчам
Јас немеам ,но неуморно ткаам
Сивопепеласт тепих
Го постилам спроти мене
Кога го гледам празен и излитен
Повторно пишувам
Со надеш дека некоја весела песна ќе роди.

Понекогаш кога височиниве ќе ме измамат
Повторно на карпава да застанам
Ја гледам степата со малку тага во себе
И со отворени очи сонувам
Кога заедно трчавме по пространствата
Кога бестрашноста не водеше

Сега осамен волк сум
Во планинава
Каде само завивам попусто
Никој не се плаши веќе од рикот
Можеби утре повторно ќе дојдам
Ќе се качам на карпата
Со маку тага во себе
Да ја гледам степата
Аватар
cernodrimski
 
Мнения: 9
Регистриран на: 02 Ное 2008, 21:37
Местоположение: makedonija

Мнениеот cernodrimski » 16 Юли 2011, 05:51

Твојата сенка ја украдов


На самиот праг од ноќта сонот ме напушти
Јас и Ангелот,од каде ли се створи
Плачеме на каменов ладен
Незнам дали со тоа ја мирими тишината
Или веќе започнав буден да сонувам кошмари
Некоја бура подмолна ќе спрема
Тоа го вели Ангелот со погледот

Го прашувам онака човечки,дали навистина плаче,или е тоа производ на самотијава,некоја илузија која сега ја гледам,некој нов облик што досега не сум го видел,некој нов лик кој можеби треба да го научам да го врежувам во некој од ѕидиштава,како слика да виси извесен период
-не ,кажува со својата нежна смирувачка мисла...не јас неплачам,неможам и несмеам,ја замолив неродената пролетна роса ,истата онаа роса која требаше да роси во твојата раскошна и преубава градина каде ги негуваше твоите бели прекрасни рози,ја замолив ете тука да дојди и својата благородност да ја расфрли секаде околу тебе,да те ороси овде во ова студенило и те облее со топлина,знаеш...зборува сега малку налутено...знаеш за нејзината топлина,да те ороси насекаде и некаде во твојата сега сивопепеласта почва на која газиш,ја насее надежта,гледам дека мртвило те прегрнало,гледам само некоја црна крв тече низ твоите вени,гледам дека гневот те обзел,киптиш и се бориш со спомените како Црн Витез...ајде стани...сега навистина беше тажно да се гледа грчот на негово преубаво и нежно божествено лице,грчот кој се залепи....ајде стани од каменов ладен,тој и утре и задутре ќе биде тука,тука е вечно,стани и започни да одиш,со секој нов чекор росата капка по капка ќе те капи,оставиго студенилово нека владее со беживотните сенки...
Незнам ни самиот кој беше тој бес што ме обзеде во мигот,но навистина бев бесен,бесен во вистинска смисла,го отурнав грубо,грбот му го завртив и заминав,на заминување само го прашав.
-прости но сега неверувам веќе во тие роси,мојата градина е пепел сторена,ниедна роса сега не е моќна да воскресни и само една жила на таа земја,таму каде што газев сега нема место за мојата улога на градинар,јас заминувам во бескрајнава пустина на сурови денови,....гледај гледај...викав со некој нечовечки глас...гледаја колку е морничава онаа карпа,гладна е веќе три века,а јас морам да се прилепам на неа,да ја нахранам со мојата млакост што вирее.....и те молам одиси,оди во твојата димензија и оставиме мене да се покријам со темнинава.

Што ли стори Ангелот додека стоеше и немееше покрај каменот на кој седевме замене веќе небеше важно......

........Заминав
Незнаеш,додека спиеше тивко во постела
Твојата сенка ја украдов
На себе ја залепив со лепакот на еден единствен спомен
Тоа е мојата пустинска антерија која сила ќе ми дава
тоа е мојата свечена одежда со кој сум нагрнат
моите лити партали ми ги зеде
соголен вчера пред вистината стоев
можеби се покаав,но што сега вреди вреди.
Аватар
cernodrimski
 
Мнения: 9
Регистриран на: 02 Ное 2008, 21:37
Местоположение: makedonija

Мнениеот cernodrimski » 16 Юли 2011, 06:01

Под закрила на небото сум



И јас станав како ветерот,непостојан и нескрасен на ниедно место,полека се навикнувам на леснотијата,со мислите патувам низ нејаснотијава,бремто што до вчера ме потискаше и во окови ме ставаше,денеска како да попушти,само ми ја остави својата студенкост на врвовите од прстите,но сепак,повторно најдувам сила да напишам некој ред,покрај мене под стариов даб има безброј полускапани листови,ете на што ќе пишувам,инспрацијата веќе се запењави од радост што сум ја разбудил...кутрата таа..таа и никогаш не спиеше,само некако беше исплашена во последно време од сето црнило што бликаше околу неа...

Со пламенот на животот
Ја горам безмилосната спирала на болката
Веќе не ми е потребна за искачување
Под закрила на небото сум
Тоа што беше мистерија до вчера
Сега е стварност,со бакнеж ми потврди

Затскриена зад следниот срамежливо ме гледаш
Те канам на мојот последен танц
Моја сенко од сеќавањата
Да се потсетиме кога земјата трепереше од ритамот
Кога две ѕвезди ракоплескаа со смеа
Танцувај со мене во музиката на тишината
Со звукот на неизговорени зборови
Не кажувај ни Да,ни пак Не
Само подаја раката за последниот танц

Моите дождовни денови изминаа
Се залепија на огледалото од минатото
Слики со малку потемнети краеви се
Ти никогаш не ме разбра
И стремежот да те сакам бескрајно го одмина
Прекрасните сништа на ноќта никогаш не ги сонуваше
Ги гледаше како честички мали

Вљубената сонета одекнува
Млечнобелата светлина ја свири
Без грам бигор,без јад во себе,ни пак гнев во тупаницата
Пија од гралот вино црвено
Небесен благослов,земна прошка.

Етеја,инспирацијата,блесна со некој свој сјај што и сега ме натера да напишам нешто,погледнувам неостана ниеден лист околу,мора повторно во некој свој инспиративен занес да сум пишувал долго,ги оставам зборовите,некаги,нека земјата ги чита,или некој преморен скитник кој ќе седни под дабов...
Аватар
cernodrimski
 
Мнения: 9
Регистриран на: 02 Ное 2008, 21:37
Местоположение: makedonija

Мнениеот cernodrimski » 08 Окт 2015, 21:15

Ветерот ми забрани да танцувам на дождот

Моето Паганско срце прозборе
Вие проколнетеме за ова но јас ќе зборувам
Мртво е времето на стравот и предрасудите
На полноќ патував длабоко во мојата душа

Видов
Ете таму видов
Скапоцен камен запечатен во солза бистра
И капки дожд кои ме канеа на игра весела

Воздивнав ,и морав да воздивнам

Ветерот ми забрани да танцувам на дождот
Рече со фиук малку злокобен
Се врати со пламен во срцето.те видов
Играше Самовилско оро во камен круг.

Не се плашам,ни од Вас,ни од Ветерот
Кажувам
Причестен бев крај стариот Даб,во таен обред
Сега и љубовта плаче за мене,некаја,Јас
Се поклонувам пред песната на Ѕвездите секое утро што ја пеам.

Светото вино со темјан помешано,на молитвата криља и даде
Во Синото небо лакот од храмот се створи
Таму,ете таму темнината се бори против сите пурпурни утра
Сведок бев кога светлината треперееше исто како срцето.

И тргнав,тргнав мојата последна песна да ја утешам во пустината
Чекорите на времето го означуваа ритамот
Патеката со роса блескава се посла
Само ветерт,ете тој проклетник ми забрани да танцувам.






Колку многу се оние луѓе кои се залажуваат со туѓата мудрост,а колку малку се оние луѓе кои ја разбираат и сопствената мудрост......Чернодримски
Аватар
cernodrimski
 
Мнения: 9
Регистриран на: 02 Ное 2008, 21:37
Местоположение: makedonija


Назад към Поезия и Арт

cron
  • Виж новите мнения
  • Виж темите без отговор
  • Кой е на линия
  • Общо на линия са 2 потребители :: 0 регистрирани0 скрити и 2 гости (Информацията се обновява на всеки 2 минути)
  • На 21 Апр 2020, 01:19 е имало общо 540 посетители наведнъж.
  • Потребители разглеждащи този форум: 0 регистрирани и 2 госта