Стихозбирка-Како Станав Лита Сенка
осаменик
Здружно,со ордава ја пеам песната
На проколнатите
Вечните скитници по празни патеки
О,ти бездомнику
Каде ли иташ така со чекорот
Бура доаѓа
Стреа немаш каде да се сокриеш
Силата нејна литоста ќе ти распартали
Снагата ќе ти ја наводени
О,ти бездомнику
Дојди,ете тука на пољанава
Заедно со нас посилен ќе бидеш
Кога месецот на починка ќе оди
Ете,ти со нас,дојди во пештера ладна
Малку е темна
И морничава на места
Но таму бурата се плаши од нас
Дојди
Небиди осаменик кој скита.
Аманет ми остави последната пеперутка
Песната нејзина што ја отсвири, да ја потпевнувам
Барем,три пати на ден
Пред да ми речи збогум
Ти само молчи
Јас ќе пишувам во тишината
Со секое ново утро
Фиукот на ветрето ќе ти раскаже
Колку зборови срцето напишало
Ти само молчи
Јас ќе пишувам на темнината
Со секое ново утро
Првиот зрак ќе ја отвори книгата
Ќе знаеш колку мастило сум потрошил
Јас немолчам
Јас немеам ,но неуморно ткаам
Сивопепеласт тепих
Го постилам спроти мене
Кога го гледам празен и излитен
Повторно пишувам
Со надеш дека некоја весела песна ќе роди.
Понекогаш кога височиниве ќе ме измамат
Повторно на карпава да застанам
Ја гледам степата со малку тага во себе
И со отворени очи сонувам
Кога заедно трчавме по пространствата
Кога бестрашноста не водеше
Сега осамен волк сум
Во планинава
Каде само завивам попусто
Никој не се плаши веќе од рикот
Можеби утре повторно ќе дојдам
Ќе се качам на карпата
Со маку тага во себе
Да ја гледам степата